Македонија 23. септември 2020. / 20:30

Дафина Стојаноска: Ќе дојде правда пред која прв ќе одговара Зоран Заев

Дафина Стојаноска: Ќе дојде правда пред која прв ќе одговара Зоран Заев

Од вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ кој е организиран во знак на поддршка на уставобранителите кои што се во затворите, во живо се вклучи пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

Стојаноска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестира во знак на поддршка на уставобранителите, но и против сите насилија од страна на власта, односно од страна на Зоран Заев, кој преку реваншизам и матни судски одлуки се изживува врз недолжни граѓани.

Ова е петти протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ и истите ќе продолжат да се организираат и да се одржуваат, се додека Зоран Заев и криминалната власт не си заминат и не одговараат за сите криминали, уцени и прогони кои ги вршат врз граѓаните на Република Македонија, вели Стојаноска.

Во Република Македонија еднаш засекогаш мора да дојде правда. Граѓаните мора да имаат доверба во правосудниот систем и да не се донесуваат одлуки во стилот на “Сваровски” или “Трас трас” судство, бидејќи тоа не се вредности кои наликуваат на земја која е претендент за членка во ЕУ. СДСМ во изминатите години ветуваше правда и тоа беше нивен главен адут, за кој сега гледаме дека ниту се оствари, ниту пак се на патот тоа да го реализираат, додаде Стојаноска.

Иако на минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ја превземе власта поради масовниот поткуп и заканите од страна на Зоран Заев и СДСМ, сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе докаже дека не е ист како нив и откако криминалната банда ќе потклекне и ќе ја предаде власта, во Република Македонија ќе дојде правда пред која прв ќе одговара Зоран Заев, заврши Стојаноска.