Македонија 19. ноември 2020. / 14:41

Да се прогласи кризна состојба на целата територија, препорача Советот за безбедност

Да се прогласи кризна состојба на целата територија, препорача Советот за безбедност

После исцрпна дискусија , Советот за безбедност донесе одлука да предложи на Владата воведување кризна состојба на целата територија на Република Македонија.

-Кризната сотојба значи, Владата да управува со ресурсите и  со приватните здраствени установи. Не станува збор за национализација, или менување на сопственоста. Воведување на кризна состојба нема никаква врска со воведување на полициски час. Советот за Безбедност  препорачува , а потоа формално Владата носи  одлука. Јас очекувам Владата многу брзо да прогласи кризна состојба, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Не се исклучува можноста за полициски час, иако тоа во моментот не се разгледува, останува препораката по 21 00 часот да не се движиме, носење на маски и очекуваме луѓето да ја почитуваат кризната состојба, изјави премиерот Заев.