Македонија 05. септември 2020. / 13:34

Да потсетиме кој е Дака – Српски тајкун со руски врски до бизнис со Рашкоски и Заев

Да потсетиме кој е Дака – Српски тајкун со руски врски до бизнис со Рашкоски и Заев

Контроверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака кој македонската јавност го памети по аудиобомбите објавени на „ЈуТјуб“ каналот „Раце Лепливи“ во регионот е познат по својата контроверзна улога во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби.

Давидовиќ 12 години бил финансиски раководител на железараницатат „Борис Кидрич“  во Никшиќ каде што во деведесетите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност и министер во Владата на Слободна (Српска) автономна област Херцеговина, во периодот на војната во Босна и Херцеговина.

По војната го основал претпријатието „НЕКСАн“ во 1992 година кое се занимавало со трговија со нафта и алкохолни производи, а во два наврата тој и неговата компанија ја контролирале никшиќката железарница. Дака бил и кандидат за градоначалник на Никшиќ.

Во декември 2019 година имало обид за атентат врз него хотелот „Краун Плаза“ во Белград, кај што неколку години наназад тој живее, а пред десет години бил и тешко повреден во физички напад со метални шипки.

Дака се споменува како финансиер на Демократскиот фронт во Црна Гора, чии лидери беа обвинети и судени за наводниот обид за пуч во земјата зад кој стоело руското воено разузнавање. Беше посочуван како добавувач на оружје на групата која на 16.10.2016 година планирала терористички напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Најавувал и дека на престојните претседателски избори сака да се кандидира за претседател на Црна Гора.

Давидовиќ била апсен уште во 1997 година за наводни малверзации со Тутунскиот комбинат. Во 2009 година во медиумите се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово.

Во обвинението за малверзации со Тутунскиот комбинат, ја оштетил државната каса за 10,5 милиони тогашни германски марки. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, го аболирал (слично како и Зоран Заев во 2008 година во случајот „Глобал“ од страна на тогашниот сопартиец и шеф на државата Бранко Црвенковски), бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност Вукашин Мараш.

Компанија на Давидовиќ сега  гради згради во Будва, Котор, Никшиќ и Подгорица. Две илјади квадратни метри се споменуваат и во неговиот разговор со Кичеец.

„Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“, вели Дака во аудио-снимката.

На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.

Аудиобомбата на „ЈуТјуб“ каналот „Раце лепливи“ откри соменија дека криминалот во кој се вмешани високи функционери од СДСМ, конкретно поранешниот премиер Зоран Заев и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски излегува од границите на земјата. Снимката содржи разговор на српскиот тајкун Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец, кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев.

Подоцна се обелодени дека Дака и Заев имале директни средби, но и дека биле платени 300 илјади евра.