Македонија 09. јуни 2020. / 16:22

Да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот, порача Филипче

Да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот, порача Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче апелираше да се почитуваат мерките кои штитат од коронавирусот и при секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита.

– Да држиме растојание од два метри во затворени и отворени јавни простори, никогаш да не се групираме повеќе од две лица, задолжително да носиме маска, марама, шал во затворени простори, заштитна опрема се носи и надвор тогаш кога не можеме да ја одржиме потребната дистанца од два метри растојание, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.