Македонија 26. јануари 2021. / 18:40

Д-р Пановски вели дека кинеските вакцини не се така лоши

Д-р Пановски вели дека кинеските вакцини не се така лоши

Воопшто не треба да имаме дилеми за ефикасноста и безбедноста на вакцините од кинеските фармацевтски компании, уверува микробилогот доктор Никола Пановски во разговор за Канал 5.

Тој вели дека кинеската вакцина „Синовак“ веќе е достапна во Србија и зборува повеќе околу нејзината ефикасност.

– Каква ќе биде ефикасноста не знаеме, самиот производител вели дека е ефикасна нешто помалку од 80 отсто, вели Пановски.

Тој додава дека каква ќе биде вакцината може да се оцени по одредено време.

– Ние како медицинари сосема сме свртени кон западниот свет, заврши тој.