Македонија 07. мај 2020. / 14:12

Д-р Лазаров: Не сте способни заштитна опрема да ни обезбедите, а за избори сте способни да организирате

Д-р Лазаров: Не сте способни заштитна опрема да ни обезбедите, а за избори сте способни да организирате

НЕ за пребрзо враќање во што и да значи “нормален” живот и намалување на рестриктивни мерки. Какво отворање градинки, какво отворање кафеани, каде е моралот и етиката?, пишува доктор Ненад Лазаров, кој особено се истакна во послесдниот период од појавата на новиот корона вирус, со едукација на пациентите преку социјалните мрежи.

Тој вели дека изборите и политичката борба за фотеља, користење моменти и рејтинзи во сред пандемија, ќе не чинат многу жртвувани здравствени работници, а следствено и пациенти, ќе има смрт многу повеќе од сега што има.

-Не сте способни заштитна опрема да ни обезбедите, а за избори сте способни да организирате? Баталете политиканство, можат да почекаат избори, не правете велепредавство на народов, пишува д-р Лазаров.