Македонија 04. април 2018. / 16:12

Цвета непотизмот во Министерството за култура: Сопругата на советникот стана директорка

Цвета непотизмот во Министерството за култура: Сопругата на советникот стана директорка

Еден од советниците на Министерот за култура Роберт Алаѓозовски е Златко Теодосиевски – осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока позиција во Министерството.

Кој исто така е назначен за член на комисијата за ревизија на проектот Скопје 2014.

Советникот во Минстерството за култура Златко Теодосиевски,  успеал да издејствува неговата сопруга Гена Теодосиевска да се вработи. Имено таа благодарение на Теодисиевски е именувана за директор на Фестивалот на филмска камера Браќа Манаки, што претставува непотизам.

Исто така таа во изминатите години била дел од значајни комисии клучни за стратегијата на филмската дејност, како и селектор или пак уметнички директор на неколку македонски филмски фестивали. Нејзиниот потпис се наоѓа на многу документи и одлуки, како на пример на проектот играна серија “Македонија” за кои се покренати судски спорови.

Наместо на суд, Евгенија Теодосиевска завршува на позицијата директор на филмски фестивал.

Непотизмот продолжува со Донка Браџиева – која ја искористи својата советничка позиција во Македонија за да поддржи издавање на книга на својата родена сестра Кица Колбе.

Низ филмските кругови во Македонија, на големо се зборува дека директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија на распишаниот конкурс за производство на ТВ серија, го подготвува теренот за да му додели проект на неговиот внук и режисер Вардан Тозија, на кој веќе му додели средства за игран филм.

Министерувањето на Алаѓозовски го следат неколку скандали за незаконски отпуштања од работа на десетици административци, докажани професионалци во културата, укинувања на низа погодности за македонските уметници и тотална негрижа за стручниот кадар во администрацијата