Професорот Љубомир Цуцуловски реагира на одлуката на БАН за непризнавање на маедонскиот јазик и на лежерната изјава на првиот човек на МАНУ според кој, тоа „е неприфатливо, но дека тоа (внимавајте!) нема да ги наруши добрососедските односи.
Индикативно е што БАН излегува со вакво мислење токму кога сѐ поактуелно станува прашањето за „законот“ за двојазичност, бидејќи ако не постои македонски јазик, тогаш која е смислата да се донесе закон за двојазичност? Во таква ситуација, доволно е еден јазик. Евентуално, два – бугарски и македонски! – пишува Цуцуловски.