Ципрас најави блокада за Македонија ако пропадне Преспанскиот договор. Грчкиот премиер на обраќањето пред членовите на „Сириза” кажа дека вратата за Македонија кон ЕУ и НАТО е отворена, само ако се имплементира договорот кој го потпишаа двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас во Нивици. Преспанскиот договор бил единствена и незаменлива можност за двата народа – доколку пропадне, Македонија ќе добие блокада во сите меѓународни сојузи во кои членува Грција.
– Ако нашите соседи го отфрлат овој договор преку процесите кои што се целосно за почитување и предвидени од нивниот Устав, ќе треба да знаат, и морам да го кажам тоа искрено, дека нема да има алтернативни решенија за нивен влез во Европската унија или во други меѓународни организации во кои сакаат да се зачленат или веројатно во одбранбени сојузи и соработки во кои Грција учествува или ќе учествува. Грција нема да дозволи, нема да прифати влез на соседната земја во НАТО, во Европската унија или во друга меѓународна организација или во било кој друг состав на безбедносна соработка со уставно име што ќе биде Република Македонија, вели Ципрас.