Откако ние ќе ги исполниме своите обврски кон договорот, политичарите во Атина ќе разговараат како да го спроведат и во нивниот парламент. Тоа е пораката што грчкиот премиер Алексис Ципрас ја соопшти за време на својата прес-конференција синоќа во Брисел, додавајќи оти неговата земја би сакала да види дека Македонија ќе ги исполни обврските од Преспанскиот договор.
За време на обраќањето пред новинарите Ципрас не го криеше фактот дека меѓу него и коалицискиот партнер постојат несогласувања околу постигнатиот договор.
„Сега чекаме да видиме дали соседната земја, владата на Скопје, ќе успее да ги исполни обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа и посакуваме, јас лично посакувам да успее затоа што е историска интервенција што ги решава долгогодишни проблеми во нашата надворешна политика, а кога ќе успее, во некој момент во јануари, февруари, тогаш ќе разговараме со коалицискиот партнер за да видиме како ќе го придвижиме процесот, онака како што се предвидени обврските од самиот Договор“ рече Ципрас.
Грчкиот премиер упати и критики до опозицијата во неговата земја, посочувајќи ги партиските лидери Мицотакис и Генимата како едни од главните критичари на преспанскиот договор.