Македонија 19. јануари 2019. / 13:17

Чувар во затворот Шутка се заканува: Црнец во темница за сите обвинети за 27 април!

Чувар во затворот Шутка се заканува: Црнец во темница за сите обвинети за 27 април!

Затворскиот чувар Жарко Милошевиќ за кого блиски на Јане Ченто тврдат дека бил еден од оние што вчера го претепале во истражниот затвор Шутка предходно се заканувал на социјалните мрежи.

Во преписка на Фејсбук Милошевиќ се заканувал со метод “Црнец во темница”, што во конкретниот разговор на Фејсбук е алузија на сексуално насилство од маж кон маж.

Во својата закана Милошевиќ употребил и расистичка и (хомо)сексуална дискриминација но за тоа никогаш не бил санкциониран од македонските власти и без проблеми на работно место чувар добива плата од затворот во Шутка.

Тој посебно се заканувал на учесниците на настаните во Собранието на 27 април за што се гони и Јане Ченто.

Тој во пост го тагирал пратеникот Павле Богоевски и се заканувал на опозициски активисти.