Во вторник 297 македонски граѓани треба да пристигнат во Mакедонија од Северна Италија, најпогодениот регион во оваа земја од корона вирусот.
Ова за „Алфа“ го потврди министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Овие лица ќе бидат префрлени во карантин каде ќе останат три недели.
Освен од Италија ќе пристигнат наши граѓани и од Арапски Емирати. Министерот Чулев апелира да се почитуваат мерките во полицискиот час.