Македонија 08. април 2020. / 09:36

Чулев: Во изминатото деноноќие 35 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето

Чулев: Во изминатото деноноќие 35 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето

Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на движењето на граѓаните како една од мерките за справување со корона вирусот, напиша министерот за внатреши работи Наќе Чулев на социјалните мрежи.

Во таа насока согласно статистиката на МВР во текот на изминатото деноноќие:

-Вкупно 35 лица не ја почитувале забраната за ограничување на движењето, од кои 2 лица се на возраст над 67 години.

-Приведени се 19 лица, а за останатите земени се податоци за понатамошно постапување.

-На 67 лица се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјава за самоизолација.

-Во државен карантин се спроведени 4 лица, напиша Чулев.