Македонија 06. април 2020. / 13:31

Чулев-Сијарто: Помошта од Унгарија за заштита на македонската полиција е од огромно значење за Македонија

Чулев-Сијарто: Помошта од Унгарија за заштита на македонската полиција е од огромно значење за Македонија

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој со висока делегација на Унгарија пристигна во официјална посета на нашата држава.

Сијарто официјално предаде донација за Министерството за внатрешни работи, која се состои од 100.000 маски и 5.000 заштитни едноделни одела.

 

Како што соопштија од МВР, министерот Чулев изразил благодарност за донацијата која доаѓа во вистински момент за Министерството и е наменета за полициските службеници чија улога во справувањето со корона вирусот е од исклучително значење за државата.

Министерот Чулев се заблагодарил за учеството на унгарските полициски службеници во заедничките операции на јужната граница, кои со својот професионализам активно учествуваат заедно со македонските колеги во борбата против илегалната миграција.

На средбата, одржана во МВР, соговорниците размениле информации за мерките што се преземаат за справување со пандемијата и заеднички се согласиле дека поддршката што доаѓа од страна на Унгарија е значајна за нашата земја и истата е потврда на пријателството и добрите односи кои во континуитет ги градат двете земји.