Денес оставарив средба со граѓаните на Маврови Анови. Убав крај со прекрасна природи и добри луѓе.
Сите ние сме исправени пред предизвикот да ја смениме перцепцијата за раководење со државните институции. Граѓаните на нашата држава го заслужуваат тоа. Јас се обврзувам дека ќе работам транспарнетно и отчетно и дека ќе водам сметка за секој денар потрошени средства од буџетот.
Обезбедување на мирот и безбедноста на државата и граѓаните се важни и во таа насока реформите и професионализацијта на полицијата се клучните сегментни на кои ќе се фокусираме престојниот период. Мирна, безбедна и стабилна држава во која се почитуваат и спроведуваат законите – тоа е мојата визија по која се водам како министер за внатрешни работи, напиша Чулев на фејсбук.
Чулев: Се обврзувам дека ќе работам транспарнетно и отчетно и дека ќе водам сметка за секој денар потрошени средства од буџетот
