Македонија 20. февруари 2020. / 14:40

Чулев: Пасоши нема поради нестручно, непланско и неодговорно работење на Оливер Спасовски

Чулев: Пасоши нема поради нестручно, непланско и неодговорно работење на Оливер Спасовски

Пасошката криза е резултат на неинтегрално решавање на проблемот со личните документи, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Според него , договорот со фимрата „Веридус“ истекува од 2007 до 2017 година, после тоа, наместо интегрално да се реши проблемот со личните документи, се склучува рамкова спогодба, на два пати и покрај тоа што постои одлука на Влада која го задолжува министерот за внатрешни работи интегрално да склучи нов 10 годишен договор.

Меѓутоа, вели Чулев, во тие две години, од 2017 до 2019 година поранешниот министер Спасовски не успева да распише меѓународен тендер, или се несупешни, за повторно во 2019 година, министерот наместо да го реши прашањето со лични документи, потпишува нова рамковна спогодба со истата компанија „Веридус“.

– Се работи за нестручно, непланско и неодговорно однесување од министерот за внатрешни работи во претходната Влада, Оливер Спасовски и од лицата назначени од него, рече Чулев.

Тој додава дека се направени лоши проценки и анализи и затоа нема патни исправи, а доцнето е и со рамковниот договор со фирмата и нарачките. Во октомври анализите покажале дека на располагање има 81 илјада патни исправи, а во декември, во нова информација дека има 87 илјади патни исправи, што според министериот Чулев е нелогично.

– Не може бројот на патни исправи од октомви до декември да порасне. Јас кога дојдов ми кажаа дека не дека нема само пасоши, дека нема воопшто лични документи, залихите се исцрпени. На 7-ми јануари ми кажуваат дека има само 22 пасоши на располагање и дека нема лични карти, вели Чулев.

Проблемот со пасошите, посочи Чулев, се уште не е решен зошто има нова рамковна спогодна склучена во 2019 година со важност од две години. Смета дека во тој периодпотребно е да се распише меѓународен тендер за десетгодишно решавање на проблемот со издавање на лични документи.

Чулев рече дека новите пасоши се нарачани и се очекува на 24 март во државата да пристигнат 100 илјади обрасци, а бидејќи не се утврдени техничките спецификации новите пасоши нема да бидат со новото име.