Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информира дека има сериозни изгледи да се стабилизира ситуацијата со патните исправи.
Според Чулев, реално е да се очекува првата пратка со обрасци за пасоши да стигне порано од 24 март.
– Имаме најави дека за седум до 10 денови ќе пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира – изјави Чулев.
Министерот, кој беше во посета на СВР Битола истакна дека на средбата разговарал за подготовките околу претстојните парламентарни избори, за што се дадени насоки за преземање широк спектар мерки за спречување на изборни нерегуларности на подрачјето на СВР-Битола.
Како што нагласува Чулев, особен акцент во разговорите бил ставен на поткупот на социјално ранливи категории граѓани, ромската популација, агитација на ден на избори или групно гласање, а се со цел да има фер и демократски изборен процес.