Македонија 20. мај 2020. / 16:09

Чулев: Награда од 15.000 денари, линеарно за сите вработени во МВР

Чулев: Награда од 15.000 денари, линеарно за сите вработени во МВР

Благодарност за вработените во Министерството за внатрешни работи кои даваат исклучително голем придонес во справување со пандемијата од КОВИД-19, напиша министерот Наќе Чулев на Фејсбук.

Денес потпишав и до Владата ќе доставам уредба со која се предвидува награда од 15.000 денари линеарно и еднократно за секој од нив. Уредбата ги опфаќа сите полициски службеници, вработените во управните служби и останатиот административен персонал во Министерството за внатрешни работи кои целиот овој период неуморно и пожртвувано даваат се од себе во првите редови во справувањето со коронавирусот.Немам никаква дилема дека тие со својот труд и ангажман го заслужуваат ова и очекувам Владата на првата наредна седница да ја усвои оваа уредба. Здравјето и животот на вработените се наш исклучителен приоритет и цврсто сме посветени на процесот на вреднување на нивниот придонес во остварување на целите на Министерството за внатрешни работи, напиша Чулев.