Mинистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“, информира дека земјава има најмал процент на заразени припадници на полицијата во регионот.
Како што истакна министерот Чулев, на повеќе од 12 000 вработени, коишто имаат многу сериозни ангажмани, има само 18 припадници на МВР кои се позитивни ба корона вирусот.
Според епидемиолошката анкета која се прави и која ја утврдува поврзаноста и текот на заразата, во сите случаи е утврдено дека тие се заразиле надвор од работното место. На пример, имаме припадник на специјална единица кој се заразил додека волонтирал во Црвениот крст – соопшти Чулев.