Од страна на косовското министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода се лишени лицата Бесим Красничи Бесим и Фадил Точи.
Kои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија за извршени тешки кривични дела, објави Наќе Чулев, министерот за внатрешнии работи.
Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредба соработка и комуникација помеѓу ИНТЕРПОЛ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја. Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда. Министерството за внатрешни и работи и понатаму ги презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот, изјави Чулев.