Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информира дека Министерството отворило неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции.
Министерот за ТВ21 вели дека веќе имаат отворено истраги во областа на организираниот криминал и корупцијата, без да соопшти повеќе детали.
– Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради коронавирусот, вели Чулев, додавајќи оти во истрагата се опфатени и сегашни функционери, а дека пристапот бил непристрасен.