Македонија 06. јуни 2020. / 17:16

Чулев: Избори треба да има кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат да гласаат

Чулев: Избори треба да има кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат да гласаат

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју за Република нагласи дека избори треба да има кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат да гласаат.

Чулев: Избори и се потребни на нашата држава, но не по секоја цена и за сметка на здравјето на граѓаните. Фер и демократски избори треба да има во оној момент кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат. Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки за фер и демократски избори, но уште еднаш апелирам на разумност при носењето на било какви одлуки кои би значеле загрозување на здравјето на нацијата, но и би ја довеле во прашање кредибилноста на тие избори, пред се со очајно ниска излезеност и отсуство или недоволно присуство на меѓународен мониторинг пред се од ОДИХР кои се главен партнер на МВР во спречувањето на изборните нерегуларностим изјави Чулев за Република.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.