Македонија 21. март 2020. / 20:50

Чулев: Апелирам граѓаните да ја почитуваат мерката за полициски час

Чулев: Апелирам граѓаните да ја почитуваат мерката за полициски час

Здравјето и животот на граѓаните се најважни. Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за преземање мерки со кои ќе го овозможиме тоа, напиша министерот за внатрешни Наќе Чулев.

Од утре започнува со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Апелирам до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка на владата, а Министерството за внатрешни работи ќе презема мерки за нејзино спроведување, напиша Чулев на социјалните мрежи.