Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагираше дека изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата за вработените во МВР.
Ангеловска, на денешната прес-конференција рече дека предлогот на Чулев за парична награда на полицајците од 15.000 денари не е во склоп со барањето за ребаланс на буџетот.
Според Чулев, Ангеловска го кажала тоа што во суштина го мисли премиерот Оливер Спасовски. Тој посочува дека Спасовски во изминатиот период постојано потенцирал дека стандардот на полициските службеници е важен. Но, како што наведува Чулев, веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи.
Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи, напиша Чулев на Фејсбук.
Тој додава и дека до сега од буџетот на МВР се скратени околу пет милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот.
Чулев предлага финансиска награда за вработените во МВР. Тој вчера рече дека подготвил предлог-уредба за награда за полицијците за придонес во борбата со Ковид-19 која ќе ја достави до Владата.