Македонија 21. јуни 2019. / 12:52

Човекот кој му се заканува на Героски е претседател на месна организација на СДСМ!

Човекот кој му се заканува на Героски е претседател на месна организација на СДСМ!

Откако уредникот на Плус Инфо, Бранко Героски започна да пишува текстови за рекетарската мафија составена од медиуми и политичари на власта. Бранко Героски добива закани, последната закана е од Борче Гиноски, кој после вчерашната колумна на Героски во приватна порака му се закани со збровите “Бранко малку претеруваш со објавите. Знаеш како те фарбаа со боја. Гледај да не те бањаат во Вардар,,

Според информациите до кои дојде Економски Лидер, заканувачот на Героски е Претседател на mесната организација на СДСМ, нашите извори посочија дека Борче Гиноски eноминиран како член на избирачки одбор од СДСМ, а тие информации ги поседува ДИК, посочува нашиот извор. А постои и видео како Гиноски го обезбедува кордонот вечерта на 27-ми април на Бихачка.

Му кажавме на Геровски дека не е обезбедување во СДСМ. Ќе видиме дали е член, а ако е, ќе превземеме чекори согласно статусот. СДСМ осудува обид, напад на новинари и изразување на слободната мисла. Станува збор за лице кое се претставува како партиско обезбедување, а не е, изјави Костадин Костадинов од СДСМ по утринската средба со Бранко Героски во седиштето на СДСМ.