Новинарот Александар Чомовски, во гостување на радиото Канал 77, истакна дека не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев се исплашил од Боки 13.
Тој истакна и дека не знаел дека неговиот менаџер бил под посебни истражни мерки неколку месеци.
– Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично. – рече Чомовски.
Чомовски додаде дека не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев би можел да се исплаши од човек како Бојан Јовановски, алудирајќи на тоа дека во овој случај играта е многу поголема.