Македонија 05. ноември 2020. / 11:22

Членови на ДИК под истрага за јавни набавки

Членови на ДИК под истрага за јавни набавки

Четири членови на ДИК се под судска истрага за спроведени јавни набавки.

По спроведена севкупна предистражна постапка, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири члена на Државната изборна комисија и еден управител и сопственик на правно лице, информира Обвинителството..

– Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната Изборна Комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки со тоа што не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок. Исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка – велат од Обвинителството.