Македонија 11. јули 2020. / 17:55

Член на СДСМ од Гостивар: По 20 години трчање за партијата, понижување ми е да ја имам оваа книшка

Член на СДСМ од Гостивар: По 20 години трчање за партијата, понижување ми е да ја имам оваа книшка

По 20 години работа и трчање за партијата, гостиварецот Спиро Спироски вели дека е крајно разочаран и навреден од постојаните лажни ветувања, но и погрешни политики на СДСМ. Како што вели, сите досегашни заложби за партијата биле залудни. Тој тврди дека незадоволството меѓу членството се повеќе расте, објави Алфа.

Спировски вели дека не е изигран само како член и верен поддржувач на СДСМ, туку и како координатор на стечајците за Гостивар. И, не само во овој град, револт има и во кавадаречкиот огранок на стечајци.

За револтот и незадоволството кај дел од членството на СДСМ, не сведочи само случајот со Спировски ни Камчев. Деновиве на социјалните мрежи, и други верни поддржувачи на партијата јавно се откажаа од неа, палејќи ги своите членски книшки.