Новинарот Цветин Чилиманов, во вечерашното гостување на Филибастер на Радио Лидер зборуваше за позицијата на Бугарија кон Македонија на патот кон ЕУ.
Тој смета дека одлуката на Бугарија некаде од 2008 година кога влегоа во ЕУ и во НАТО да ја копираат грчката политика е навистина стратешка катастрофа од нивна страна.
„Тие сигурно беа свесни какви беа чувстваната на нормалните македонци кон Грција, за сето тоа што ни го направија. И сега Бугарија да го копира пристапот на Грците, а да очекува дека ефектот ќе биде поинаков, ќе дојде до повеќе љубов и почитување како што вели Договорот за пријателство и добрососедство. Не е дека ќе има експлозија на навреди, ама нормално беше дека до тоа ќе дојде“, рече Чилиманов.
Тој смета дека Македонија имала добар одговор од страна на Груевски.
„Тоа беше игнорирање на нивните барања и промовирање на македонската историја и на македонската целовитост. И тука Бугарија не можеше да направи некои поени на сметка на внатрешно политичкиот план“, појасни Чилиманов.
Според него бугарките политичари знаеле дека тоа нема да успее во времето на Никола Груевски и затоа не се ни обидувале да го прават тоа што било разумен одговор од македонска страна за она што Бугарија го промовира од 2008 година.
Чилиманов смета дека премиерот Заев има најпогрешен можен пристап, бидејќи како што рече, ветува отстапки коишто не ги прави.
Целото интервју погледнете го на следниот ЛИНК.