Македонија 26. јануари 2021. / 09:02

Чибишев: Спроведувањето на пописот е крајно штетно и опасно

Чибишев: Спроведувањето на пописот е крајно штетно и опасно

Во утринскиот подкаст „Утро со Златев“, на прашањето како без вакцини во април ќе се спроведува попис, доктор Чибишев вели дека тоа ќе биде многу комплицирано и крајно штетно и опасно.

Вели дека ние порано бевме ограничени во движење, дружење, групирање од по четири лица. Исто така смета дека нема да прима во својот дом попишувачи, бидејќи сериозно ќе го загрози здравјето на неговото семејство.

-Многу поразвиени земји од нас со поразвиени економии и поорганизирани држави од нас го одложија пописот, рече Чибишев.

Уште не гледам светло на крајот од тунелот. Со ваква ситуација тешко дека во догледно време ќе се справиме со пандемијата. Во Велика Британија 500.000 граѓани веќе ја примиле вакцината и ќе го создадат тој колективен имунитет. Ние го постигнуваме на најтрагичниот начин со прележување на болеста. ЕК уште не може да каже за колку време земјите од Западен Балкан ќе ги добијат очекуваните вакцини.