Македонија 26. јануари 2021. / 08:38

Чибишев: Потфрливме на почетокот, не се преземени сите мерки и ситуацијата не е под контрола

Чибишев: Потфрливме на почетокот, не се преземени сите мерки и ситуацијата не е под контрола

Потфрливме сериозно, уште во почетокот не се превземени мерките кои што требеше да бидат превземени. Ситуацијата во Македонија не се контролираше како што треба, не се превземени сите мерки. Комисијата за заразни болести која што функционира во рамки на Министерство за здравство во еден момент носеше одлуки кои требеше владата да ги спроведе преку своите институции, но се случуваше или Владата да не ги прифати или да ги измени, или да се спроведуваат сосема други мерки кои значително ја влошија епидемиолошката состојба и скапо не чинеа, а не чинеа изгубени човечки животи, рече доктор Андон Чибишев во гостувањето во „Утро со Златев“.

-Ситуацијата не е под контрола. Ние сме оставени на „водата да тече“ и да видиме што ќе се случува. До пред 15-20 дена имавме огромни бројки на новозаразени, големи бројки на починати и бевме неславни или лидери во регионот и во светот или меѓу првите пет држави со најлоша епидемиолошка ситуација, рече Чибишев.