Четирите нови случаи на пациенти позитивни на корона вирус се од Скопје и имале директна врска со скопските пациенти кај коишто вчера беше потврдена зараза со корона вирусот.
Сите се во врска со лицата што вчера ги дијагностициравме тука во Скопје и се членови на нивната фамилија и пријатели – информира министерот за здарвство, Венко Филипче.
Сите четири случаи се со лесна клиничка слика. Филипче информира и дека во стабилна состојба се сите пациенти што се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје, исто како и пациентите во Дебар, а стабилна е состојбата и на пациентката што се наоѓа на респираторна машина, кај која нема знаци на влошување.
Вклучувајќи ги четирите нови случаи, вкупната моментална бројка на заболени од корона вирус во Македонија е 35.