Македонија 27. април 2020. / 14:43

Четворица починати и 13 нови позитивни на Ковид-19 во Македонија

Четворица починати и 13 нови позитивни на Ковид-19 во Македонија

Четири нови починати и 13 нови позитивни се регистрирани во Македонија во изминатите 24 часа.

Како што информираат од Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица, 58-годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15. април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ починало 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.

Починал и пациент од Битола кој се лекувал во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а од потврдените 13 нови случаи на Ковид-19 најмногу се во Куманово каде што има пет, по што следуваат Скопје со четири, Прилеп и Тетово со по два случаја. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани болни од корона виеусот се искаќчи на 1399 пациенти.