Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.363 тестирања, а се регистрирани 118 нови случаи на Ковид-19.
Распределбата по градови е следна:
-Скопје 55
-Куманово 9
-Дебар 1
-Штип 1
-Прилеп 4
-Тетово 20
-Струга 2
-Велес 2
-Битола 1
-Охрид 9
-Гостивар 4
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Свети Николе 1
-Кичево 1
-Ресен 5
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Досега во земјата се направени вкупно 53.248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.