Во изминатото деноноќие, починати се 4 лица од Ковид-19, тројца од Скопје на 66, 88 и 62 годишна возраст и еден од Тетово на 73 години. Истовремено, од 539 теста регистрирани се 83 новозаболени и 146 оздравени пациенти.
Гледано по градови, бројот на оздравени лица изгледа вака:
-Скопје 52
-Куманово 14
-Штип 7
-Прилеп 5
-Тетово 4
-Струга 2
-Велес 3
-Битола 3
-Охрид 1
-Кавадарци 6
-Гостивар 7
-Гевгелија 3
-Струмица 7
-Крива Паланка 3
-Радовиш 2
-Кочани 12
-Македонски Брод 1
-Виница 1
-Делчево 4
-Свети Николе 5
-Кичево 4
Досега, во земјата се направени вкупно 195.541 тестови, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 18.873 лица. Притоа, бројката на оздравени пациенти е 15.487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.626.