Македонија 13. април 2020. / 14:19

Четири нови жртви и 26 новозаразени во Македонија

Четири нови жртви и 26 новозаразени во Македонија

На Клиниката за Инфективни болести починаа четири лица, а во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид-19. Со ова вкупниот бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

По градови, во Куманово се регистрирани најмногу, дури 11. Потоа следат Скопје и Тетово со по 4 новодијагностицирани, тројца се регистрирани во Прилеп. Во Велес вајца, а во Кочани и Пробиштив евидентирание се по 1 новозаразен.

Министерот додаде дека денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти, кои со лесна форма на болеста се лекуваале во домашни услови.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).