Македонија 21. септември 2018. / 22:48

Четири години затвор за гевгелискиот анестезиолог

Четири години затвор за гевгелискиот анестезиолог

Четири години затвор и 5 години забрана за вршење лекарска дејност за анестезиологот во гевгелиската болница Томчо Ванчев, кој велешкиот суд му пресуди дека е виновен за смртта на родилката Маја Кадиева пред три години пренесува Телма.

На работа дошол под дејство на алкохол, и место 3 направил 4 интубирања – во полната судница, судечкиот совет ги читаше причините за одлуката.  Реагирал нестручно и спротивно на процедурите. Двајцата гинеколози од тимот на Ванчев не се виновни иако не го спречиле анестизологот да се изврши операцијата- „царски рез“.

Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа во октомври 2015 година во гевгелиската болница  при породување со царски рез.