Македонија 12. април 2020. / 10:50

Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден

Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до католичките верници по повод Велигден во која посака овој празник да им донесе мир и благосостојба во своите семејства и да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата.

– Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме, наведува Мицкоски во чеситката.

Тој натаму им посакува здравје за болните и посочува дека во неговите мисли се и докторите, здравствените работници и сите оние кои се во првата линија против заразната пандемија.

– Но, исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чуствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност. Сите што го празнуват Велигден да го почувствувате и да го живеете воскресението на животот во своите домови и овој голем, Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни. Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!, истакнува Мицкоски во честитката по повод католички Велигден.