Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати честитка за 30-годишнината од основањето на партијата.
На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 30-тиот роденден на партијата која ги возобнови идеалите и стремежот на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација во една демократска рамка на современото време. Време во кое македонската нација, Македонците и сите граѓани на Република Македонија и македонската дијаспора создадоа независна и суверена држава и соочувајќи се со многу предизвици, подеми и падови, макотрпно ја издигаа во нејзиниот развој, особено силно кога Македонија ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.
Честитки и почит кон основачите на партијата за нивната визија и храброст, но и кон сите кои подоцна со својот активизам и силна посветеност се вградија во развојот, изградбата, јакнењето и успесите на партијата и на нашата татковина Македонија, заради која постои ВМРО-ДПМНЕ.
Нека е вечно ВМРО!
Нека е вечна ВМРО-ДПМНЕ!
Нека е вечна Македонија!, порача Груевски споделувајќи го предизборниот спот „Македонија има сила“ на ВМРО-ДПМНЕ од кампањата за парламентарните избори во 2006 година.
На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 30-тиот роденден на партијата која ги возобнови идеалите и стремежот на…
Posted by Nikola Gruevski on Wednesday, June 17, 2020