Вашата земја ја заврши годината седејќи на маса со своите идни НАТО-сојузници во Лондон, подготвена на почетокот на 2020 година да ја реализира долгогодишната аспирација да и се приклучи на алијансата. Вака го започнува своето прво новогодишно обраќање американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс.
Таа вели дека во изминатава година се бележи продлабочување на билатералните односи со САД, споменувајќи го одржувањето на воената вежба „Одлучен удар“ и посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео.
– Разгледувате нови можности со вашите соседи. Економијата зајакнува и расте и изгледите за идна регионална интеграција се светли. Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за отворање пристапни преговори со ЕУ, имплементираjќи реформи кои се од клучно значење за да и овозможат на земјата просперитет и напредок, вели Брнс.
Амбасадорката смета дека позицијата на земјава како регионален лидер на годишното рангирање на Светска банка за можностите за правење бизнис ги охрабрува странските инвеститори.
Брнс завршува со порака дека остануваат уште многу предизвици и работа, но смета дека земјава е на позитивен пат што ветува.
Check out the first holiday message by Ambassador Byrnes as the U.S. Ambassador to the Republic of North Macedonia. Happy holidays! @USAmbNMacedonia pic.twitter.com/Q9zTsWk8Vd
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) December 31, 2019