Воен авион со донација од Чешката Република што се состои од еден милион заштитни маски зкако помош за справување со епидемијата на корона вирусот, денеска треба да слета на Скопскиот аеродром.
Како што информираат од секретаријатот за европски прашања, авион со чешката помош за Македонија вчера полетал од Прага, но поради технички причини не слетал во Скопје, по што повторно се вратил во Чешка.