Македонија 12. јануари 2021. / 12:15

Чернева: Само со промена во владејачката коалиција во Бугарија ќе има напредок во спорот со Македонија

Чернева: Само со промена во владејачката коалиција во Бугарија ќе има напредок во спорот со Македонија

Заменик-директорката на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), Весела Чернева, гледа само еден начин да се придвижи спорот меѓу Скопје и Софија: “Ако има промена во владејачката коалиција во Бугарија.

Во изјавата на бугарскиот весник „Дневник“ таа оценува дека актуелната бугарска влада нема ни желба ни намера да стори нешто до март, така што за решение може да се зборува дури на средината на годината.

-Мислам дека не е во интерес на Северна Македонија да го истурка ова прашање, бидејќи од тоа ништо не може да се добие“. И обратно, ако постои вистинска желба да се работи на прашања како што е Коридорот 8, тоа може да се работи без оглед на изборите во Бугарија, а таквите работи можат да ги намалат тензиите бидејќи тоа се конкретни проекти од кои двете страни ќе имаат корист, вели Чернева.

Настрана од спорот, таа не е оптимист ни околу проширувањето оваа година и ако ја нема пречката од Бугарија.

-Мислам дека ќе биде многу тешко да се напредува. Концептот за проширување ќе се разгледува политички, затоа што ако само кажеме дека проширувањето постои, а во пракса е невозможно да се исполни, тоа ги демотивира земјите кандидати. Пристапот-ги лажеме дека ги сакаме, не лажат дека веруваат -„повеќе не функционира, смета таа.

Чернева се согласува дека Бугарија само ја заврши валканата работа и дека зад неа молчат други земји на кои им одговара овој развој на настаните.

Кои ќе бидат резултатите од последователното ново забавување на европската интеграција? Мислењата се движат од „без драма“ до апокалиптични сценарија за „дестабилизација на регионот“ изнесени од познати и искусни аналитичари од Германија и Австрија. За Весела Чернева одговорот е на друго место – раководењето во балканските земји ќе се влоши.

-Владите во нив претпочитаат да седат во сопственото опкружување на корупција и непотизам и немаат причина да спроведуваат реформи кога нема доверба во преговарачкиот процес. Лошото управување значи неколку работи. Национализмот цвета многу лесно и не сме загрижени за тоа што можеме да изградиме, туку како да најдеме надворешен непријател. Во меѓувреме, младите го напуштаат регионот затоа што не гледаат никакви изгледи за себе и за своите деца во него.„Ова, за возврат, произведува уште полошо управување затоа што нема критична маса во општеството. Тоа е опасна спирала во која не сум сигурна дали ќе има војни, но сигурно ќе има стагнација и продлабочување на демографската криза., вели таа.

Ова според неа е последното нешто што и треба на Европа.

Таа дава оценка и за опасноста од вметнувањето на прашањето за историјата во процесот на проширувањето.