Македонија 16. март 2019. / 09:26

Чавков: Монструозното обвинение е неосновано – оваа мафија мора да се порази!

Чавков: Монструозното обвинение е неосновано – оваа мафија мора да се порази!

Откако вчера судот го осуди поранешниот директор на БЈБ и министер за внатрешни работи Митко Чавков на 18 години затворска казна, за случувањата на 27 април, тој се огласи на Фејсбук.

Чавков напиша дека монструозното обвинение е неосновано и дека казната е привисока. Тој ги повика и сите граѓани, кои не се согласуваат со политиките на оваа власт, да застанат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се порази „злосторничката организација која ги киднапира сите институции“.

– 1. Нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана:
– Монструозно обвинение – неосновано
– Драконска казна
Ги повикувам сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ како и добронамерните граѓани на Република Македонија кои не се политички определени да се обединат околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции.
ПОДЕЛБИТЕ СЕ ВО КОРИСТ САМО НА МАФИЈАТА! – напиша Чавков.

Тој додаде дека ако некој ја најде неговата вила на Халкидики, дека ќе му ја поклони, а најави и тужба за фингираната службена белешка, поради која беше притворен пред да биде изречена пресудата.

– 2. Вилата на Халкидики ( ако ја најдете да постои), ја поклонувам на ,,истражувачките новинари“.
3. Најавувам тужба за фингираната службена белешка. – напиша Чавков.