Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кој утринава дојде да се пријави во судот во врска со настанот кој се случил во Струмица, отсечно и кратко за Макфакс, прокоментира дека станува збор за конструкција.
Според информации на МВР, струмичанец викендов пријавил дека бил нападнат од четири лица, меѓу кои и Митко Чавков, во ресторан во струмичко Габрово.