Скопје и Тетово се градовите во Македонија со најголем број на случаи позитивни на корона вирусот.
Активни случаи во Скопје има 1.698, согласно последните информации од Институтот за јавно здравје, додека во Тетово бројот на активни случаи изнесува 325.
Чаир е скопска општина со најголем број позитивни активни случаи на коронавирус, 394. Следуваат Гази баба со 156, Бутел 144, Сарај и Центар со 137, Аеродром 135 активни случаи на Ковид-19.
Во однос на тетовските општини, во градот има 198 активни случаи, по што следуваат Теарце, Боговиње и Желино.