Новинарот Оргнен Јанески е новиот главен и одговорен уредник на телевизија 24, откако досегашниот Младен Чадиковски се повлече од функцијата.
Чадиковски се повлече од функцијата откако викендов беше избран за претседател на Здружението за новинари на Македонија.
-Денеска, пред сите колеги и соработници во Телевизија 24 соопштив дека се повлекувам од местото Главен и одговорен уредник на телевизијата. Мојата одлука да се повлечам од ова уредничко место ја донесов поодамна, во моментот кога решив да се кандидирам за претседател на ЗНМ.
На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер.
По 2 и пол прекрасни години во Телевизија 24, чувствувам дека во телевизијата постои простор и за понатамошна професионална надградба. Јас останувам дел од тимот на телевизијата, на располагање на сите колеги и на новиот уредник Ognen Janeski, кому му посакувам многу успех- напиша Чадиковски на Фејсбук.
Инаку Чадиковски беше избран за претседател на ЗНМ во недемократска атмосфера.