Македонија 29. јануари 2021. / 17:18

Чад и пукотници на протестот против пресудите за случајот „Монструм“

Чад и пукотници на протестот против пресудите за случајот „Монструм“

Семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“, излегоа на протест во Скопје, откако во завршните зборови на последното судско рочиште, Обвинителството побара највиоски казни поради петкратното убиство кај Смилковското езеро.

На протестот излегоа голем број демонстранти, кои со погрдни зборови ја навредуваа обвинителката Фатиме Фетаи. По завршувањето на обраќањето на Бедри Ајдари, брат на еден од обвинетите, во позадина се слушнаа и пукотници, се крена и чад, веројатно од посилни петарди.

Од МВР се очекува информација за што точно станува збор, како и дали имало интервенција на полицијата која е на терен.