Македонија 20. мај 2020. / 11:48

Четворица починати и 19 нови заразени во Македонија

Четворица починати и 19 нови заразени во Македонија

Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на заразени со Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.  Во истиот период уште две лица починале како резултат на болеста.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Вкупната бројка на дијагностицирани со корона вирусот во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, починаа 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

Во изминатото деноноќие се направени 512 тестирања со што досега се направени вкупно 22.767 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.