Македонија 23. јуни 2020. / 09:50

Центарот за туберкулоза се пренаменува во Ковид-центар

Центарот за туберкулоза се пренаменува во Ковид-центар

Центарот за туберкулоза се планира  да биде пренаменет во нов Ковид-центар каде што ќе се сместуваат пациенти заболени од корона вирусот, неофицијално дознава Курир.

Од неделата, ваква намена доби и болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле која прима и возрасни пациенти заболени од Ковид-19. Таму веќе е хоспитализиран првиот пациент.

Во Детската болница Козле на располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика.

Покрај на Инфективната клиника и болницата „8 Септември“ која функционира како Ковид-центар, сомнителни и заболени пациенти со корона вирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и Ковид-центар во Кавадарци.