Македонија 27. септември 2018. / 21:50

Царовска во Гази Баба: Во недела да го промениме името и да обезбедиме европска држава

Царовска во Гази Баба: Во недела да го промениме името и да обезбедиме европска држава

Подобрување на условите за згрижување на стари и на лица со попреченост, зголемувањето на социјалните права, растот на платите и социјалниата реформа, беа темите за кои министерката Мила Царовска разговараше жителите на Гази Баба.

На средбата со граѓаните министерката Царовска, истакна дека со зачленувањето на Мaкедонија во ЕУ и НАТО создаваме европска држава во која ќе расте стандардот и граѓанските права, а тоа ќе го постигнеме преку искористувањето на европските фондови кои во секторот социјала за земјите од ЕУ достигнуваат и до половина милијарда евра годишно.

„Институциите се сервис на граѓаните, а тоа го овозможуваме со бројните реформи во системот за социјална заштита. Ние сме подготвени да станеме позитивен пример во регионот и светот. Затоа трајно да влијаеме врз иднината на нашите животи и врз иднината на државата. Ние сме тие што со гласањето во недела одлучуваат за подобра иднина, за европска Македонија“ рече министерката Царовска во Гази Баба.